Правото на приватност


Политика за заштита на личните податоци

1. Општи одредби

Медис Македонија ДООЕЛ, со своите поврзани друштва го почитува вашето право на приватност и се стреми да обезбеди највисоко ниво на заштита на вашите лични податоци. Заради тоа, обврзани сме да ги вршиме нашите дејности во согласност со законите и прописите чии одредби ја уредуваат заштитата на личните податоци, а особено во согласност со применливиот Закон за заштита на лични податоци, Законот за електронски комуникации и Општата регулатива на Европската унија за заштита на лични податоци (GDPR). Целта на Политиката за заштита на личните податоци е да ве информираме зошто се собираат вашите податоци и за начинот на нивна употреба, како и за правата што ги имате во врска со податоците што ги чуваме за вас и како да ги остварите истите.

Медис Македонија ДООЕЛ, со своите поврзани друштва, се обврзува дека соберените податоци што ни ги праќате ќе ги користи во согласност со Политиката за заштита на личните податоци, дека вашите податоци нема да се продаваат, позајмуваат, ниту праќаат на трети лица, на каков било начин, освен во случаите наведени во оваа Политика за заштита на личните податоци.

2. Оператор на податоци

Оператор на вашите лични податоци е Медис фармацевтско друштво д.о.о. Словенија преку Медис Македонија ДООЕЛ, ул. Наум Наумовски Борче бр. 50/2-6, Скопје, gdpr(at)medis.com, број на телефон (02) 3117-774.

Бидејќи вашата приватност ни е исклучително важна, за таа цел назначивме овластено лице за заштита на лични податоци на кое можете да му се обратите ако имате прашања поврзани со обработката на вашите лични податоци. Овластеното лице за заштита на лични податоци во нашето друштво е „ЈК LAW“ д.о.о., Стегне 27, 1000 Љубљана, Словенија.

За да стапите во контакт со овластеното лице за заштита на лични податоци, испратете порака на адресата на е-пошта gdpr(at)medis.com или јавете се на телефонскиот број (02) 3117-774.

Сите теми и содржини што ги обработува овластеното лице за заштита на лични податоци се строго доверливи.

Оваа Политика за заштита на личните податоци се однесува на:

  • корисниците на нашата интернет-страница,
  • лицата што примаат наши е-новости,
  • учесниците во нашите настани,
  • пријавените лица и учесници во клинички испитувања,
  • крајни корисници на нашите услуги (учесници на нашите наградни конкурси, поединци што нарачуваат бесплатни примероци на нашите интернет-страници, членови на клубот за лојалност за производи без рецепта),
  • учесниците на конкурсот за наградите „Медис“ (Medis Awards)
  • стручната јавност со која соработуваме во рамките на непосредно рекламирање на нашите производи,
  • поединци што ни пријавуваат несакани дејства на лековите,
  • кандидати што се пријавуваат за нашите распишани огласи за слободни работни места.

3. Видови лични податоци

Вашите лични податоци ги обработуваме само врз основа на јасно наведени и законски основи кои се утврдени во оваа Политика за заштита на личните податоци. Медис д.о.о. – Претставништво Скопје е посветено на принципот на минимален обем на податоци, што значи дека ги собираме, чуваме и обработуваме само податоците што ни се потребни за да ја исполниме целта за која истите се собрани.

Вашите лични податоци ги собираме директно од вас (на пр., кога ни ги испраќате вашите податоци при нарачување на нашите услуги, кога учествувате на нашите настани, преку вашите прашања или на кој било друг начин на кој ни ги проследувате вашите податоци).

Исто така, вашите лични податоци можеме да ги земеме од јавно достапна евиденција. Личните податоци што ги обработуваме може да опфаќаат:

  • Општи информации, како што се име и презиме (вклучувајќи и префикс или титула), пол, возраст и датум на раѓање, ЕМБГ;
  • податоци за контакт, како што се адреса, службена адреса, е-пошта, број на телефон, број на личен мобилен телефон;
  • податоци за занимање, како што се податоци за вашето образование, академска титула, квалификации, вработување/позиција/улога, специјализација, внатрешен референтен број, официјална лична карта, членство во некои професионални организации, ваша биографија;
  • технички информации и информации за интеракција, како што се:
    • информации за уредот што го користите во текот на интеракцијата со нашето друштво, информации за претходни интеракции или информации за дадени презентации;
    • информации за начинот што вие го претпочитате за стапување во контакт со нас или каналот на комуникација што вие го претпочитате;
    • податоци за времетраење на интеракцијата со нашето друштво, за местото на тие интеракции и за вашата реакција на различни интеракции со нашиот претставник.

4. Цел на обработување на податоците и видови лични податоци

Сите лични податоци што ни ги проследувате нам, се обработуваат доверливо и се користат само за целите за кои истите се проследени. Ако постои потреба за дополнителна обработка на вашите податоци за друга цел, ќе стапиме во контакт со вас и ќе побараме ваша согласност.

Заради прегледност, сортиравме две групи за целите за кои ги обработуваме вашите лични податоци:

цели за обработка за стручната јавност

општи цели за обработка


1. Цели за обработка за стручната јавност

Во прилог, наведени се целите за обработка на лични податоци на поединци од стручната јавност (дефиниција за категории на стручна јавност побарајте во последната точка од оваа Политика за заштита на личните податоци) и учесниците во клинички испитувања.

Стручно известување за лекови, додатоци на исхрана, медицински средства и настани за стручната јавност од областа на здравството и фармацијата

Податоците за име, презиме, адреса и податоци за контакт и образование, како и податоци за работното место на професионалните лица од областа на здравството и фармацијата, се собираат за цели на известувања за лекови, додатоци на исхрана и медицински средства што наведеното друштво ги застапува и продава, како и настаните што истото ги организира.

Стручното известување се врши врз основа на ваша согласност, при што согласноста за стручно известување може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права во врска со испраќање стручни известувања се достапни во точката „Вашите права“.

Стручните известувања се испраќаат врз основа на основното приспособување на содржината во поглед на вашата област (здравство, фармација) и во поглед на вашите одговори на одредени содржини и ваши преференции. Тоа приспособување се врши врз основа на нашиот легитимен интерес во понудата на тековни решенија за лекови за интеракција со клиенти.

Обработка на повратни информации од стручната јавност од областа на здравството и фармацијата за цели на персонализирано испраќање известувања

Повратните информации што нашите претставници ги собираат на терен и преку анкети за задоволство од нашите услуги, се собираат за цели на приспособување на испраќањето известувања со преференции на поединецот. Тоа се информации за преференции за стапување во контакт со вас преку комуникацискиот канал што вие го претпочитате, податоци за траење на интеракцијата со нашето друштво, за местото на таквата интеракција, за вашиот одговор на различни интеракции со нашиот претставник и детали за какви било претходни врски со други здравствени организации. Во интерес на овозможување ефикасно и успешно управување со нашето работење и неговото водење и во интерес на нудење актуелни решенија за интеракција со клиенти за нашите производи во согласност со законот ги обработуваме горенаведените податоци. Повеќе за легитимниот интерес како основа за обработка на лични податоци може да прочитате во точка 6 од оваа Политика за заштита на личните податоци.

Директно рекламирање фармацевтски производи на вработените во аптеки и веледрогерии

Податоците за име, презиме, ЕМБГ, адреса и податоци за контакт, образование и податоци за работно место на стручни лица од областа на фармацијата ги употребуваме за цели на директно рекламирање лекови, додатоци на исхрана, медицински средства и медицинска опрема што наведеното друштво ги застапува и продава.

Горенаведените податоци ги обработуваме во интерес на овозможување ефикасно и успешно управување со нашето работење и негово водење, како и со цел да понудиме актуелни решенија за интеракција со клиенти за наши производи, во согласност со закон. Повеќе за легитимниот интерес како основа за обработка на лични податоци може да прочитате во точка 6 од оваа Политика за заштита на личните податоци.

Спроведување клинички испитувања од различни области на медицината

Податоците за име, презиме, ЕМБГ, пол, возраст, податоци за контакт и здравствена состојба ги употребуваме за цели на спроведување клинички испитувања и испраќање известувања за актуелни клинички испитувања. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност. Согласноста за добивање рекламни пораки може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права во врска со испраќање стручни известувања се достапни во точката „Вашите права“.

Склучување договори за едукација и договори за авторски права и спроведување на нивните одредби

Податоците за вашето име, презиме, адреса, податоци за контакт, IBAN, ЕМБГ ги употребуваме за цели на склучување договори за едукација и договори за авторски права и за спроведување на нивните одредби.

Тие податоци се обработуваат врз основа на одредбите од договорите. Повеќе за договорот како основа за обработка на лични податоци може да прочитате во точка 6 од оваа Политика за заштита на личните податоци.

2. Општи цели за обработка

Во оваа точка се наведени целите за обработка кои може да бидат релевантни за двете групи; т.е. за стручната јавност и за крајните корисници.

Пополнување барање за одредени законски прописи

Во одредени случаи, законските прописи може од нас да бараат обработка односни проследување на вашите лични податоци. Во тој случај вашите лични податоци ги обработуваме врз основа на законските одредби; таквата обработка, односно проследување лични податоци е задолжителна.

Чување податоци на неизбрани кандидати на огласите за слободно работно место што кандидатот ги проследува

Податоците за име, презиме, е-пошта, адреса, мобилен телефон и биографија ги употребуваме за цели на објавување оглас за слободно работно место и испраќање известувања за актуелни работни места. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за добивање рекламни пораки може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“.

Спроведување наградни конкурси и промотивни кампањи што ги организира Медис Македонија ДООЕЛ

Податоците за име, презиме, пол, возраст, е-пошта и адреса ги употребуваме за цели на спроведување награди конкурси и промотивни кампањи. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за известување за наградни конкурси и промотивни кампањи може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“.

Испраќање бесплатни примероци на претплатниците

Податоците за име, презиме, старост, е-пошта и адреса ги употребуваме за цели на испраќање бесплатни примероци. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за добивање бесплатни примероци може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“.

Овозможување пристап до клубот на лојалност Новалак (Novalac) и негова употреба

Податоците за име, презиме, пол, возраст, е-пошта и возраст на детето ги употребуваме за клубот на лојалност. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за добивање известувања за новости во клубот на лојалност Новалак може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“.

Овозможување пристап до клубот на лојалност Дефендил (Defendyl) и негова употреба

Податоците за име, презиме, пол, возраст, е-пошта ги употребуваме за клубот на лојалност. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за добивање рекламни пораки може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“.

Комуникација со корисници врз основа на ваши прашања, без оглед на комуникацискиот канал (е-пошта, пополнување формулари за контакт на нашата интернет-страница, телефонски повик итн.)

Податоците за име, презиме, пол, возраст, е-пошта и адреса ги употребуваме за одговарање на вашите прашања. Во интерес на запознавање на нашите клиенти со дополнителни информации и презентации заради подобрување на понудата на наши услуги, претходно наведените податоци ги собираме и обработуваме во согласност со законската основа. Повеќе за легитимниот интерес како основа за обработка на лични податоци може да прочитате во точка 6 од оваа Политика за заштита на личните податоци.

Спроведување конкурс за наградите „Медис“ (Medis Awards)

Податоците за име, презиме, ЕМБГ, адреса и контакт, образование, работно искуство, податоци за пријавен проект и податоци за работно место на стручни лица од областа на здравството, ги употребуваме за спроведување на конкурсот за наградите „Медис“. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за добивање известувања и за конкурсот за наградите „Медис“ може да ја повлечете во кое било време. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“.

Испраќање е-новости на крајните корисници

Податоците за име, презиме, пол, возраст, е-пошта и адреса ги употребуваме за испраќање е-новости. Тие податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, при што согласноста за добивање е-новости може да ја повлечете во кој било момент. Дополнителни информации за вашите права се достапни во точка „Вашите права“.

Е-новости се испраќаат врз основа на основно приспособување на содржината на производите за кои сте изразиле заинтересираност. Со цел да ги запознаеме нашите клиенти со дополнителните информации и презентации заради подобрување на понудата на нашите услуги, претходно наведените податоци ги собираме и обработуваме во согласност со закон.

Испраќање е-новости на нашите партнери и потенцијални партнери

Податоците за име, презиме и е-пошта ги употребуваме за испраќање е-новости. Со цел да овозможиме ефикасно и успешно управување со нашето работење и неговото водење, наведените податоци ги собираме и обработуваме во согласност со законот. Повеќе за легитимниот интерес како основа за обработка на лични податоци може да прочитате во точка 6 од оваа Политика за заштита на личните податоци.

5. Корисници на податоци

Операторот на податоците може да ги проследи вашите лични податоци на трети лица само во Европската економска зона. Пристапот на трети лица до вашите податоци и обработката на податоците од страна на трети лица се ограничени на целта за која истите се собрани. Сите трети лица на кои ги проследуваме вашите лични податоци се обврзани да се придржуваат кон важечките закони, особено Општата регулатива на Европската унија за заштита на лични податоци (GDPR) и одредбите од оваа Политика за заштита на личните податоци.

Вашите лични податоци може да ги проследиме:

на нашите поврзани друштва што се дадени во прилог:

  • Medis, d.o.o., Brnčičeva 1, 1000 Ljubljana, Slovenija
  • Medis Group, d.o.o., Brnčičeva 3, 1000 Ljubljana, Slovenija
  • Medis GmbH, campus 21, Europaring F15/301, A-2345 Brunn am Gebirge, Austrija
  • Medis Pharma Bulgaria EOOD, Yordan Stratiev Street. № 2G, fl.5 office 11, 1797 Sofia, Bugarska
  • Medis Adria d.o.o., Buzinska cesta 58, 10000 Zagreb, Hrvatska
  • Medis Hungary Kft., 2030 Érd, Gépész utca 19., Mađarska
  • Medis Poland Sp. z o.o., Ul. Emilii Plater 53, 00-113 Warszawa, Poland
  • Medis RO S.R.L., Bucuresti Sectorul 1, Intrarea GHEORGHE SIMIONESCU, Nr. 19, Ap. B26, 077190 Bucharest, Romania
  • Medis Pharma d.o.o., Milutina Milankovića 11b, 11070 Beograd – Novi Beograd
  • Medis Pharma Slovakia s.r.o., Europeum City Center, Regus - 1st floor, Suche myto 1, Bratislava 81103, Slovakia
  • Medis Pharma Lithuania UAB, Kuršių g. 7-23, LT-48107 Kaunas, Lithuania
  • Medis Pharma s.r.o., Národní 60/28, Nové Město (Praha 1), 110 00 Praha, Czech Republic
  • MEDIS ALBANIA SHPK, Njesia administrative Nr. 2, Rr. Themistokli Germenji, Pallati Pegaso, Kati 1, Ap. 2, Tirane, Albania
  • MEDIS KOSOVO L.L.C, Prishtina, Rr. Nurije Zeka no. 12, 10000 Prishtina, Kosovo

на друштвата што обезбедуваат помошни услуги за нормално работење на нашето друштво (давателите на поштенски услуги, давателите на услуги за испорака, даватели на услуги за уништување документи и носачи на податоци, даватели на услуги за информатичка технологија во рамки на сервисирање и одржување на програмска опрема, даватели на услуги за интернет алатки за испраќање е-новости и друга е-пошта (Sendinblue), даватели на услуги за CRM (Veeva), даватели на правни услуги, администратор и администратор на интернет-страници итн.)

на органите за јавна администрација и судовите им проследуваме податоци кога законските прописи го бараат тоа од нас (на пр., даночни органи, барање од судот итн.)

на веледрогерии и аптеки кај кои вршиме директно рекламирање (се однесува на вработени во групацијата Медис).

на организации, односно установи од областа на здравството им проследуваме лични податоци кога законските прописи го бараат тоа од нас (на пр., испраќање известувања на агенцијата за лекови, за медицински средства, додатоци на исхрана, храна и медицинска опрема, за несакани дејства на лекови – фармаковигиланца – и на заводот за здравствено осигурување).

Одредени лични податоци ги разменуваме со претходно наведените трети лица. Ќе се увериме дека пристапот на трети лица да биде овозможен само за целите утврдени во оваа Политика за заштита на личните податоци. Ги преземаме соодветните мерки за да обезбедиме пристап до вашите лични податоци да имаат само лица вработени кај кои било од наведените трети лица, а на кои пристапот до личните податоци им е потребен заради вршење на нивната работа.

Пристапот до личните податоци го ограничуваме на Медис фармацевтско друштво и вработените во нашите поврзани друштва. Сите вработени лица што имаат пристап до лични податоци се обврзани да ги заштитат личните податоци што се обработуваат.

Во согласност со релевантните прописи за заштита на лични податоци и приватност, ќе ги преземеме соодветните мерки за да се увериме дека вашите лични податоци се заштитени при секој пренос. Тие мерки ќе ги утврдиме со донесување соодветни договорни рамки што ќе го одредуваат степенот на заштита на личните податоци.

6. Законски основи за употреба на лични податоци

Основите на кои ги користиме вашите лични податоци се наведени во прилог:

Ваша изрична дозвола – од вас може да побараме дозвола за употреба на вашите лични податоци за една цел или за повеќе цели. Дополнителни информации за правата што ги имате ако ги обработуваме вашите податоци врз основа на вашата дозвола, побарајте во поглавјето „Вашите права“.

При обработување на вашите лични податоци врз основа на согласност, проследувањето лични податоци секогаш е доброволно и без негативни последици за вас. Меѓутоа, ве предупредуваме дека не можеме да обезбедиме одредени услуги без ваша согласност или по повлекување на вашата согласност (на пр., употреба на клубот за лојалност Новалац).

7. Период на чување

Сите лични податоци што ги обработуваме, ги чуваме во согласност со законските прописи и онолку време колку што е потребно за да ја исполниме целта за која се собрани податоците.

Кога времето за чување на лични податоци е законски пропишано, ги чуваме во согласност со одредбите на законот.

Кога личните податоци се собираат и обработуваат врз основа на ваша експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе ги чуваме трајно, односно додека не ја повлечете согласноста. Ако целта за која се обработуваат податоците е исполнета, вашите податоци ќе бидат избришани иако не сте ја повлекле вашата согласност. На пример, при организирање награден конкурс, целта за собирање и обработување е исполнета кога наградите ќе се доделат, а потоа сите податоци се бришат (со исклучок на оние што ни се потребни од законски причини), дури и ако не ја повлечете вашата согласност, бидејќи целта за собирање податоци е исполнета (односно наградите се доделени).

8. Начин на заштитување на вашите лични податоци

Медис д.о.о. Словенија се обврзува да ги заштити личните податоци што ни ги проследувате. Медис фармацевтско друштво д.о.о. Словенија ќе направи сè за да ги заштити личните податоци од какви било прекршоци или злоупотреби согласно.

Личните податоци ги чуваме во печатена или дигитална форма. Сите отпечатени документи со ваши лични податоци се чуваат во заштитени простории, а компјутерските системи се заштитени со технички и организациски мерки со кои се спречува намерно или ненамерно уништување, губење, оштетување, измена или неовластено откривање на вашите лични податоци или пристап до вашите лични податоци согласно Општата регулатива на Европската унија за заштита на лични податоци (GDPR).

Техничките и организациските мерки што ги користиме за заштита на вашите лични податоци, вклучуваат:

  • редовно правење на резервни копии што се заштитуваат на соодветен начин,
  • ограничување на пристапот до личните податоци,
  • грижа за образованоста на вработените лица од областа на заштита на лични податоци и контрола на работата на вработените,
  • лозинки на системот,
  • употреба на соодветни програмски заштити.

По истекување на периодот на чување, односно повлекување на дадената согласност, податоците (вклучувајќи ги и можните копии) веднаш се бришат трајно и неповратно. Исто така, се уништуваа, односно трајно се бришат сите можни носачи на лични податоци на кои се наоѓаат податоците.

Ако се прекршат законските прописи за заштита на лични податоци, за тоа прекршување веднаш ќе го известиме надлежниот надзорен орган.

Во Северна Македонија, надлежен орган за заштита на личните податоци е Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе за функциите на надлежниот орган можете да прочитате на нивната интернет-страница. Ако при прекршување на законските одредби за заштита на лични податоци се појави сомневање за постоење на кривично дело, тогаш веднаш ќе ја известиме полицијата, односно надлежниот обвинител.

Ако се прекршат законските прописи за заштита на лични податоци и ако тоа претставува голем ризик за правата и слободите на поединецот чии податоци ги обработуваме, веднаш ќе ве известиме за тоа.

9. Вашите права

Медис Македонија ДООЕЛ гарантира остварување на сите ваши права што ви припаѓаат во врска со обработка на вашите лични податоци.

Одјавување од испраќање стручни известувања за производи

Ако не сакате да добивате известувања за производите што Медис Македонија ДООЕЛ и поврзаните друштва ги застапуваат и продаваат, можете за тоа да нè известите на gdpr(at)medis.com или да се јавите на бројот (02) 31117-774 или да го известите нашиот стручен соработник (ако сте стручно лице од областа на здравството и фармацијата).

Лицето на кое се однесуваат личните податоци може во кое било време да го побара следното од Медис фармацевтско друштво д.о.о. Словенија:

  • потврда за тоа дали неговите податоци се обработуваат или не;
  • овозможување пристап до лични податоци:
    пристапот до лични податоци се овозможува откако ќе дадеме потврда дека ги обработуваме вашите лични податоци; имате право да побарате информации за тоа кои информации ги обработуваме и кој е нивниот извор;
  • овозможување поправање на неточни или непотполни лични податоци:
    Ве повикуваме да нè известите за секаква измена во вашите лични податоци што е можно побрзо, бидејќи само така можеме да осигуриме точност и комплетност на личните податоци што ги снимаме. За промена можете да нè известите преку контактите дадени во точка 11 од оваа Политика за заштита на личните податоци;
  • овозможување на испис на лични податоци што ни ги проследило лицето во структуриран, најчесто користена дигитална читлива форма;
  • овозможување на остварување на правата на бришење на лични податоци (таканаречено право на „заборавање“):
    правото на бришење лични податоци е ограничено; не можеме да ги избришеме вашите лични податоци што ги обработуваме врз основа на законски прописи;
  • овозможување на остварување на правото на ограничена обработка (на пр., барање за ограничена обработка е возможна кога во тек е проверка на комплетноста на вашите лични податоци што ги обработуваме);
  • овозможување остварување на правото на поднесување приговор за обработка:
  • правото за поднесување приговор за обработка на лични податоци е ограничено на обработка врз основа на легитимни интереси (кога легитимниот интерес е основа за обработка на вашите лични податоци, тоа е наведено во оваа Политика за заштита на личните податоци, односно за тоа претходно ќе ве известиме на соодветен начин) и обработка за цели на непосредно рекламирање, вклучувајќи и профилирање;
  • овозможување остварување на правото на преносливост на податоците и проследување на податоците во структурирана, најчесто користена дигитална читлива форма или непосредно проследување на друг обработувач;
  • овозможување остварување на правото на повлекување на согласноста кога личните податоци се обработуваат врз основа на согласност, при што повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката на податоците до нејзиното укинување.

Лицето може да ја повлече согласноста на кој било начин кој е наведен во точка 11 од оваа Политика за заштита на личните податоци. Повлекувањето на согласноста нема никакви негативно последици за вас. Може да се случи по повлекување на согласноста да не бидеме во можност да ви обезбедиме одредени услуги ако истите не можат да се обезбедат без проследување на вашите лични податоци (на пр., без обработка на вашата е-пошта не можеме да ви понудиме услуги за праќање известувања преку е-пошта). Секој поединец на кој се однесуваат личните податоци има право да поднесе барање за утврдување повреда на правото на заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци.

Своите права можете да ги остварите така што ќе ни се обратите со е-пошта, на следната адреса: gdpr(at)medis.com со назнака заштита на лични податоци или со јавување на телефонскиот број (02) 3117-774.

Медис фармацевтско друштво д.о.о. се обврзува, без одложување, да одговори на барањата на поединците на кои се однесуваат личните податоци, а најдоцна во законски пропишаниот рок.

10. Употреба на вештачка интелигенција во обработката на лични податоци

При обработка на лични податоци, можеме да користиме ИТ-решенија кои вклучуваат технологии за вештачка интелигенција (во натамошниот текст: ВИ). Ги користиме овие решенија како алатки за поддршка за анализа на податоци и донесување одлуки.

При разгледување на пријавите за работа, можеме да користиме ВИ за да ги анализираме биографиите и другите информации обезбедени од кандидатите, како и за да утврдиме дали кандидатите ги исполнуваат барањата и да ја процениме нивната соодветност врз основа на критериумите за одредена позиција.

Притоа, вештачката интелигенција може да генерира резимеа, проценки и препораки наменети да го поддржат одделот за човечки ресурси при изборот на кандидати. Овластени вработени ги носат конечните одлуки во врска со изборот или отфрлањето на кандидатите. Тие ги разгледуваат резултатите од вештачката интелигенција, но не се обврзани да ги следат при донесувањето одлуки. Вештачката интелигенција не носи независни одлуки во врска со вработувањето или отфрлањето на кандидат.

При користење на ВИ, обезбедуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, вклучувајќи ограничување на пристапот до податоците, следење на користењето на системот и проверка на точноста и соодветноста на резултатите. Користењето на ВИ само по себе не воведува нови цели за обработка на лични податоци или нова правна основа за таква обработка. Обработката подлежи на правните основи, роковите на чување и индивидуалните права утврдени во оваа политика за приватност.

11. Контакт

На прашањата за доверливост на вашите податоци, начинот на собирање и обработка на податоци или на вашите барања за остварувања права во врска со податоците, ќе ви одговори одговорното лице за заштита на лични податоци. За да стапите во контакт со овластеното лице за заштита на лични податоци, испратете порака преку е-пошта на адресата gdpr(at)medis.com или јавете се на главниот телефонски број на друштвото (02) 3117-774.

12. Дефиниции

Во оваа точка се наведени дефиниции за термините што ги користиме во оваа Политика за заштита на личните податоци.

Личен податок е секоја информација која се однесува на физичко лице, како што се: име, идентификациски број, интернет ознака за идентификација и податоци за физичкиот, физиолошкиот, генетскиот, психолошкиот, економскиот, културниот или социјалниот идентитет на поединецот.

Обработка на податоци е секое дејство или низа дејства што се вршат врз личните податоци, а кои особено вклучуваат собирање, уредување, складирање, чување, разгледување, пронаоѓање, бришење и уништување на тие податоци.

Оператор е физичко или правно лице кое само или заедно со други лица ги одредува целта и средствата за обработување. За потребите на оваа Политика за заштита на личните податоци, обработувач на лични податоци е Медис фармацевтско друштво д.о.о. Словенија.

Обработувач на податоци е физичко или правно лице, односно орган на власта или агенција, односно друг орган кој ги обработува личните податоци во име на операторот.

Стручна јавност се однесува на физички лица кои работата во медицинската или фармацевтската струка (како на пр., здравствени установи, аптеки) и лица вработени во веледрогерии со кои соработуваме.

Краен корисник на податоците значи секое физичко лице што ги користи нашите услуги (членови на клубовите на лојалност итн.).

13. Измени

Го задржуваме правото повремено да ја изменуваме оваа Политика за заштита на личните податоци за да ја приспособиме на актуелните околности и важечките прописи од областа на заштитата на личните податоци. Затоа, пред да ни ги доставите вашите лични податоци, проверете ја важечката верзија за да се информирате за евентуалните измени и дополнувања.

10/2026

Политика за приватност за целите на следење на безбедноста на лековите и медицинските средства, одговарање на медицински прашања за лекови и обезбедување на квалитетот на производите

1. Општо

Медис Македонија ДООЕЛ, во понатамошниот текст „Медис“, заедно со своите поврзани друштва, го почитува вашето право на приватност и настојува да обезбеди највисоко ниво на заштита на вашите лични податоци. Поради тоа, при извршувањето на нашите активности се обврзуваме да постапуваме во согласност со законите и прописите што ја уредуваат заштитата на личните податоци, особено Законот за заштита на личните податоци, Законот за електронските комуникации и Општата регулатива на ЕУ за заштита на податоците. Целта на оваа Политика за приватност е да ве информира за целите за кои ќе се прибираат вашите лични податоци и начинот на кој ќе се користат, за вашите права во однос на податоците што ги чуваме за вас и за начинот на кој можете да ги остварите тие права.

Групацијата Медис, заедно со своите поврзани друштва, се обврзува дека личните податоци што ќе ги доставите ќе се користат во согласност со оваа Политика за приватност и нема да бидат продадени, дадени на заем или на друг начин пренесени на трети страни, освен во случаите предвидени со оваа Политика.

2. Контролор на лични податоци

Контролор на вашите лични податоци е Медис Македонија ДООЕЛ, ул. Наум Наумовски Борче бр. 50/2-6, Скопје, gdpr(at)medis.com, телефонски број (02) 3117-774.

Бидејќи високо ја цениме вашата приватност, назначивме овластено лице за заштита на личните податоци, до кое можете да се обратите доколку имате прашања во врска со обработката на вашите лични податоци. Нашето овластено лице за заштита на личните податоци е JK LAW d.o.o., Stegne 27, 1000 Ljubljana.

За контакт со овластеното лице за заштита на личните податоци, испратете е-пошта на gdpr(at)medis.com или јавете ни се на +386 (1) 589 69 00.

Сите теми и содржини што ги обработува овластеното лице за заштита на личните податоци ќе бидат предмет на строга доверливост.

Оваа Политика за приватност се однесува на:

  • Лица што ни пријавуваат несакани дејства на лекови.
  • Лица што поставуваат медицинско прашање за лекови што ги става во промет и ги дистрибуира Медис.
  • Лица што поставуваат прашања поврзани со квалитетот на производите што ги става во промет и ги дистрибуира Медис.

3. Видови лични податоци

Вашите лични податоци ги обработуваме само врз основа на јасно утврдени и законски цели, дефинирани во оваа Политика. Медис се придржува кон начелото на минимален обем на податоци, што значи дека ги собираме, чуваме и обработуваме само податоците што ни се потребни за исполнување на целите за кои се собрани.

Вашите лични податоци ги собираме директно од вас (на пример, ги доставувате при нарачување на нашите услуги, учество на наши настани или поднесување прашања).

Вашите лични податоци може да бидат добиени и од јавно достапни евиденции. Личните податоци што ги обработуваме може да вклучуваат:

  • општи информации за вас – на пример, име и презиме (вклучувајќи префикс или титула), пол, возраст и датум на раѓање;
  • податоци за контакт – на пример, адреса, деловна адреса, адреса на е-пошта, телефонски број и број на личен мобилен телефон;
  • несакани дејства пријавени од поединец.

4. Цел на обработката и видови лични податоци

Сите лични податоци што ни ги доставувате ќе се третираат како доверливи и ќе се користат исклучиво за целите за кои се доставени. Доколку се појави потреба од дополнителна обработка на вашите податоци за друга цел, однапред ќе ве контактираме и ќе побараме ваша согласност.

Пријавување несакани дејства на лекови и медицински средства

Податоците за пациентот (име и презиме, датум на раѓање, податоци за здравствената состојба и медицинска историја) и податоците за лицето што ги пријавува несаканите дејства (име и презиме, податоци за контакт, професија) се користат за целите на следење на безбедноста на лековите и медицинските средства. Како фармацевтска компанија, законски сме обврзани да ја следиме безбедноста на сите производи на Медис во светот што ги развиваме или ги ставаме во промет во која било земја. Целта на следењето на безбедноста на лековите и медицинските средства е да ни овозможи нам и на надлежните јавни регулаторни органи (на пример, Европската агенција за лекови и други органи) да управуваме со несаканите настани, да го заштитуваме јавното здравје и да обезбедиме високи стандарди за квалитет и безбедност на производите. Нашите обврски за следење на безбедноста на лековите и медицинските средства опфаќаат и обработка на одредени податоци преку кои директно или индиректно може да се идентификува лицето што го пријавува несаканиот настан („лични податоци“), со цел да ги исполниме строгите обврски за постојана проценка на користа и ризиците од производите и да ги известуваме надлежните јавни регулаторни органи за сомнителни несакани дејства или настани.

Одговарање на медицински прашања за лекови

Податоците за здравствените работници и општата јавност (име и презиме, податоци за контакт, професија) се користат за одговарање на прашања поврзани со лековите на фармацевтските компании со кои соработуваме при ставањето во промет или дистрибуцијата, како и со други лиценцирани партнери на Медис.

Одговарање на прашања поврзани со квалитетот на производите

Податоците за здравствените работници и општата јавност (име и презиме, податоци за контакт, професија) се користат за одговарање на прашања поврзани со квалитетот на производите што ги става во промет и ги дистрибуира Медис.

5. Корисници на податоците

Контролорот може да ги пренесе вашите лични податоци на трети страни. Пристапот на третите страни до податоците и нивната обработка од тие страни се ограничени на целите за кои податоците биле собрани. Сите трети страни на кои може да им ги доставиме вашите лични податоци се обврзани да ги почитуваат применливите закони и прописи, како и одредбите од оваа Политика за приватност.

Заради исполнување на нашите обврски во областа на следење на безбедноста на лековите и медицинските средства, личните податоци може да ги проследиме и/или откриеме:

  • во рамките на друштвата на Медис, заради анализа и обработката на пријавениот несакан настан или прашање;
  • на надлежните јавни регулаторни органи во врска со сомнителниот несакан настан;
  • на трети страни – даватели на услуги за Медис; тие може да вклучуваат оператори на бази на податоци за безбедност, оператори на контакт-центри и наши истражувачи на пазарот, доколку на нив сте им ги откриле деталите за сомнителниот несакан настан. Имајте предвид дека обезбедивме соодветни мерки за безбедност и заштита на личните податоци кај давателите на услуги на кои Медис им проследува лични податоци и кои извршуваат услуги или функции во наше име;
  • на други фармацевтски компании со кои соработуваме при ставањето во промет или дистрибуцијата, како и на други лиценцирани партнери на Медис, кога обврските во врска со производ на Медис бараат таква размена на безбедносни информации. Имајте предвид дека обезбедивме соодветни мерки за безбедност и заштита на личните податоци кај деловните партнери на кои Медис им проследува лични податоци и кои извршуваат услуги или функции во наше име;
  • на трети страни како правни следбеници во случај на продажба, отстапување или пренос на одреден производ, проект или терапевтска област на Медис поврзани со наведеното; во таков случај ќе бараме купувачот, примателот или стекнувачот да постапува со личните податоци во согласност со применливото законодавство за заштита на личните податоци;
  • кога објавуваме информации за несакани настани (како студии на случај или резимеа); во таквите случаи ќе ги отстраниме идентификациските ознаки од сите објави и ќе ја зачуваме тајноста на вашиот идентитет.

Разменуваме одредени лични податоци со третите страни опишани погоре. Ќе обезбедиме пристапот на третите страни да биде дозволен само за целите утврдени во оваа Политика за приватност. Ќе преземеме соодветни мерки за пристап до вашите лични податоци да имаат само оние вработени кај наведените трети страни на кои пристапот им е потребен за извршување на нивната работа.

Го ограничуваме пристапот до личните податоци за вработените во Медис и во нашите поврзани друштва. Сите вработени што имаат пристап до лични податоци се должни да ги заштитуваат личните податоци што ги обработуваат.

Вашите лични податоци може да ги обработуваат Медис и наведените трети страни и надвор од Европскиот економски простор, вклучително и во земји што можеби не обезбедуваат ниво на заштита на личните податоци еднакво на она што важи во Европскиот економски простор.

Во согласност со применливите прописи за заштита на личните податоци и приватноста, ќе преземеме соодветни мерки за вашите лични податоци да останат безбедни при секој пренос. Овие мерки ќе ги утврдиме преку склучување соодветни договорни рамки со кои ќе се уреди заштитата на личните податоци.

6. Правни основи за обработка на личните податоци

Медис обработува лични податоци што се значајни од аспект на следењето на безбедноста на лековите и медицинските средства, вклучително и посебни категории лични податоци, во согласност со GDPR:

  • за проучување на несаканиот настан;
  • за обезбедување усогласеност со законските обврски утврдени со применливите закони и прописи во областа на следењето на безбедноста на лековите и медицинските средства, како и поради нашите легитимни интереси за остварување на целите на таквото следење (член 6 од GDPR), имајќи предвид дека европското и националното законодавство на земјите членки на ЕУ во областа на следењето на безбедноста на лековите и медицинските средства е донесено поради важен јавен интерес во областа на јавното здравје и безбедноста на лековите и медицинските средства (член 9 од GDPR).
  • за исполнување на нашите обврски за следење на безбедноста на лековите и медицинските средства, при што личните податоци може да ги проследиме и/или откриеме;
  • за подготовка на одговори на прашања од стручната и општата јавност;
  • за исполнување на договорните обврски кон компаниите со кои соработуваме при ставањето во промет или дистрибуцијата на производи.

Должни сте да ги обезбедите личните податоци што ги собираме и обработуваме врз основа на закон.

Личните податоци што ги собираме и обработуваме врз друга основа ни се потребни за да одговориме на прашањето што сте ни го поставиле.

Кога личните податоци се обработуваат врз основа на ваша согласност, нивното обезбедување е секогаш доброволно и без негативни последици за вас. Сепак, ве известуваме дека без ваша согласност, или по нејзино повлекување, можеби нема да можеме да обезбедиме одредени услуги.

7. Период на чување

Сите лични податоци што ги обработуваме ги чуваме во согласност со законите и прописите и само онолку долго колку што е потребно за остварување на целите за кои се собрани.

Кога периодот на чување на личните податоци е пропишан со закон, податоците се чуваат во согласност со одредбите на применливиот закон.

Кога основата за собирање и обработка на личните податоци е договор, периодот на чување трае во текот на целиот договорен однос, вклучително и гарантниот или секој друг период што произлегува од склучениот договор.

Кога ги собираме и обработуваме вашите лични податоци врз основа на ваша изречна согласност, ги чуваме трајно или до нејзино повлекување. Доколку целта за која сме ги обработувале вашите податоци е исполнета, ќе ги избришеме и ако не ја повлечете согласноста. На пример, кога организираме наградна игра, целта на собирањето и обработката е исполнета со доделувањето на наградите, па ќе ги избришеме податоците на сите учесници (освен оние што мора да се чуваат поради законски причини), дури и ако не поднесете повлекување на согласноста, бидејќи целта на собирањето е исполнета, односно наградите се доделени.

8. Методи за заштита на податоците

Медис се обврзува да ги заштитува личните податоци што ни ги доставувате. Медис ќе преземе сè што е потребно за заштита на личните податоци од каква било повреда и злоупотреба.

Личните податоци ги чуваме во хартиена или дигитална форма. Сите хартиени документи што ги содржат вашите лични податоци се чуваат во заштитени простории, а нашите компјутерски системи се заштитени со технички и организациски мерки што спречуваат случајно или намерно уништување, губење, оштетување, изменување и неовластено откривање или пристап до вашите лични податоци.

Техничките и организациските мерки што ги применуваме за заштита на вашите лични податоци вклучуваат, меѓу другото:

  • редовно изработување соодветно заштитени резервни копии,
  • ограничување на пристапот до личните податоци,
  • редовна обука на вработените за заштита на личните податоци и надзор над нивната работа,
  • систем на лозинки,
  • користење соодветна софтверска заштита.

По истекот на периодот на чување или по повлекувањето на добиената согласност, податоците, вклучително и сите нивни копии, веднаш, неповратно и трајно се бришат. Сите носачи на лични податоци на кои се наоѓаат таквите податоци исто така трајно се уништуваат или бришат.

Доколку дојде до нарушување на безбедноста на личните податоци, веднаш ќе го известиме надлежниот надзорен орган. За Република Северна Македонија, надлежен орган за заштита на личните податоци е Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе информации за функцијата на надлежниот орган може да најдете на неговата веб-страница. Доколку при нарушувањето на безбедноста на личните податоци постои сомнение за кривично дело, веднаш ќе ја известиме полицијата или надлежното јавно обвинителство.

Доколку дојде до нарушување на безбедноста на личните податоци што веројатно ќе предизвика висок ризик за правата и слободите на лицата чии лични податоци ги обработуваме, ќе ве известиме за нарушувањето без непотребно одлагање.

9. Вашите права

Медис обезбедува да можете да ги остварите сите права што ги имате во врска со обработката на вашите лични податоци.

Откажување од претплата на билтени за производи

Доколку повеќе не сакате да добивате информации за производите што ги ставаат во промет Медис и неговите поврзани друштва, можете да нè контактирате на gdpr(at)medis.com или да ни се јавите на +386 (1) 589 69 00, односно да го известите нашиот стручен соработник при неговата посета (ако сте здравствен или фармацевтски работник).

Субјектот на личните податоци може во секое време да побара од Медис:

  • потврда дали се обработуваат лични податоци што се однесуваат на него;
  • да му се овозможи пристап до личните податоци:
    Пристап до личните податоци ќе биде овозможен откако ќе потврдиме дека ги обработуваме вашите лични податоци. Имате право да побарате информации за тоа кои податоци се обработуваат и кој е нивниот извор.
  • да се изврши исправка на неточни или дополнување на нецелосни лични податоци што се однесуваат на него:
    Ве молиме што е можно поскоро да нè известите за секоја промена на вашите лични податоци, бидејќи само така можеме да ја обезбедиме нивната точност и целосност. За промените можете да нè известите преку контактите наведени во дел 10 од оваа Политика.
  • да добие копија од личните податоци што ни ги доставил, во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат;
  • да го оствари правото на бришење на личните податоци (односно правото да се биде заборавен):

Правото на бришење на личните податоци е ограничено, бидејќи не можеме да ги избришеме личните податоци што ги обработуваме врз основа на закон и други прописи или врз основа на договорен однос меѓу нас, вклучително и за време на гарантните и другите периоди што може да произлезат од конкретен договор.

  • да го оствари правото на ограничување на обработката (на пример, барање за ограничување на обработката може да се поднесе додека се проверува точноста на личните податоци што ги обработуваме);
  • да го оствари правото на приговор на обработката:

Правото на приговор на обработката на личните податоци е ограничено на обработка што се заснова на легитимен интерес (случаите кога легитимниот интерес е основа за обработка на вашите лични податоци се наведени во оваа Политика или за тоа однапред соодветно ќе ве известиме) и на обработка за цели на директен маркетинг, вклучително и профилирање.

  • да го оствари правото на преносливост на податоците и да ги добие податоците во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат или тие директно да му бидат пренесени на друг контролор.

Имате право да ја повлечете согласноста кога личните податоци се обработуваат врз основа на согласност, при што повлекувањето не влијае врз законитоста на обработката извршена пред повлекувањето. Согласноста може да ја повлечете на кој било начин наведен во дел 10 од оваа Политика. Повлекувањето на согласноста нема негативни последици за вас. По повлекувањето на согласноста нема да можеме да обезбедиме одредени услуги ако, поради нивната природа, не можат да се извршат без да ги обезбедите вашите лични податоци (на пример, без обработка на вашата адреса на е-пошта не можеме да ви обезбедиме услуги за известување по е-пошта). Секој субјект на личните податоци има право да поднесе барање за утврдување повреда на правото на заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци.

Вашите права можете да ги остварите со обраќање до нас по е-пошта, со наслов на пораката Заштита на личните податоци, или со телефонски повик.

Медис се обврзува да одговори на барањата на субјектот на личните податоци без непотребно одлагање, а најдоцна во законски утврдените рокови.

Имајте предвид дека овие права може да бидат ограничени поради исполнување на обврските од областа на фармаковигиланцата. Вашите права се ограничени кога постои законска основа за обработка на вашите лични податоци; на пример, не можеме да ги избришеме податоците собрани во рамките на пријава за несакан настан, освен ако податоците се неточни. Пред да разгледаме барање за пристап или исправка на вашите лични податоци, може да побараме соодветно да го потврдите вашиот идентитет.

10. Контакт

Одговорното лице или лицето за заштита на личните податоци во Медис ќе одговори на вашите прашања за доверливоста на податоците, начинот на нивно собирање и обработка, како и на вашите барања за остварување на правата во врска со вашите податоци. За контакт со овластеното лице за заштита на личните податоци, испратете е-пошта на gdpr(at)medis.com или јавете се на +386 (1) 589 69 00.

11. Дефиниции

Во овој дел се утврдени дефинициите на поимите што се користат во оваа Политика.

Лични податоци се секоја информација што се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице што може да се идентификува, особено: име, идентификациски број, интернет-идентификатори, како и фактори специфични за физичкиот, физиолошкиот, генетскиот, менталниот, економскиот, културниот или социјалниот идентитет на лицето.

Обработка е секое дејствие или збир на дејствија што се вршат врз лични податоци и особено вклучуваат собирање, евидентирање, чување, менување, увид, пребарување и бришење на таквите податоци.

Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, агенција или друго тело кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка. За целите на оваа Политика, Медис е контролор.

Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, агенција или друго тело што ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Стручна јавност се физички лица што работат во медицинската или фармацевтската дејност (како што се вработени во здравствени установи и аптеки), како и лица вработени во веледрогерии со кои соработуваме.

Краен корисник е секое физичко лице што ги користи нашите услуги (вклучително и корисници на онлајн-продавницата, членови на клубови за лојалност и сл.).

12. Измени

Го задржуваме правото периодично да ја изменуваме оваа Политика за приватност со цел да ја усогласиме со актуелните околности и законодавството за заштита на личните податоци. Поради тоа, ве молиме, пред да ни доставите какви било лични податоци, да ја проверите ажурираната верзија на оваа Политика за приватност за да бидете информирани за сите измени или ажурирања.

10/2026

This website uses cookies

We use essential cookies to make our website work. With your consent, we also use analytics and marketing cookies and display external content, such as videos and social media. You can change your preferences at any time in the cookie settings. For more information, please see our Cookie Policy.

These cookies and technologies are necessary for the basic operation and security of the website and cannot be disabled.
These cookies help us understand how visitors use our website and improve its performance. We use Google Analytics for this purpose.
Used for marketing measurement and to display external content, such as videos and social media. External providers may process data when enabled.